Неочекувано како гром од ведро небо дојде до тренерска смена во есенскиот првак во Првата македонска фудбалска лига Вардар. Досегашниот тренер Бобан Милевски е разрешен од функцијата, а на неговото место на клупата ќе седне поранешниот селектор на репрезентацијата Никола Илиевски – Џиџи.

Одлуката за смена на Милевски е чудна бидејќи Вардар предводен од него на клупата е на вистинскиот пат за освојувањето на двојната круна.

Есенската полусезоната “црвено црните“ ја завршија на првата позиција додека без поголеми проблеми изборија пласман во 1/2 финалето од Купот на Македонија.

Мх.П.