Ова е епилогот по денес одиграните натрпевари во кои Металург и Вардар ремизираа играјќи 1-1, додека Турново убедливо со 3-0 го совлада Работнички.
Ако прашањето кој од клубовите ќе се пресели во понизок ранг беше одамна познато, се уште е неизвесно кој ќе игра во баражот. Дрита ремизираше 1-1 со Ренова , Напредок на домашен терен со 2-1 ја совлада Брегалница додека Пелистер ја совлада Шкенијда како гостин со 1-0.
Во дуелот на отпишаните Тетекс со 4-0 го совлада Силекс кој по 20 години во Првата лига се сели во понизок ранг.
Резултати : Металург- Вардар 1-1, Тетекс – Силекс 3-0, Ренова – Дрита 1-1, Напредок – Брегалница 2-1, Шкеднија – Пелистер 0-1, Турново – Работнички 3-0.
Табела : Вардар 65, Турново 63, Металург 60, Работнички 50, Шкендија 44, Брегалница 43, Ренова 42, Напредок 40, Пелистер 37, Дрита 37, Тетекс 25, Силекс 22.
Последно коло : Вардар – Турново , Работнички – Тетекс, Дрита – Шкендија, Пелистер – Напредок, Брегалница – Металург, Силекс – Ренова.