Екипата на Ренова во последниот натпревар од првата рунда во пролетниот дел од шампионатот ја совлада Шкендија со 2-1.


Избраниците на тренерот на Ќатип Османи поведоа со 1-0 со голот на Менсур Идризи. “Црвено црните“ израмнија преку Ардит Шаќири додека победа за “гипсарите“ во тетовското дерби ја донесе Сашко Пандев со погодокот во 83-та минута.

Со оваа победа фудбалерите на Ренова стигнаа до 24-от бод сезонава додека поранешниот македонски првак, Шкендија со 29 бодови се наоѓа на петтата позиција.

Во наредната 20-та рунда ќе се сретнат : Вардар – Шкендија, Ренова – Металург, Тетекс – Брегалница, Х. Турново – Силекс, Напредок – Работнички, Дрита – Пелистер.

Мх.П.