Заврши сезоната за најголемото засилување во зимскиот преоден рок на Вардар, Илчо Наумоски откако имаше тешка скршеница на ногата.
Повредата која ќе го оддалечи од теренот најмалку три месеци Наумоски се случи во осмата минута на скопското дерби Работнички – Вардар 2-1 кое се одигра на националната арена „Филип Втори“
Поради сериозноста на повредата Наумоски беше веднаш префрлен во болница со возило на брзата помош.
Фото : „Курир.мк“
Мх.П.