Дефанзивецот Златко Таневски е нов фудбалер на актуелниот лидер во шампионатот Вардар. Таневски кој во изминатите пет години настапуваше во полските Лех Позњан и Белхатов, како слободен фудбалер доаѓа во Вардар.
– Еден е Вардар – рече Таневски, и додаде ,имав неколку мобинации, но ми се јавија од раководството на Вардар кои беа доста коректни во нашите разговори. Вардар е дел од мојот живот и без двоумење го прифатив повикот.
Таневски кој на тимот ќе му се приклучи на тимот пред заминувањето на подготовките во Анталија очекува “црвено-црниот“ брод да доплови до двојната круна. Исто така посакува да избори место во националниот состав.
– Што се однесува до репрезентацијата, тоа ќе оди потешко, бидејќи многу ретко се земаат фудбалери од домашното првенство, но никогаш не вели никогаш – завршува Таневски.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com