За влегување на неслужбени лица во терен и лоша организација на дерби средбата со Пелистер, македонскиот првак Вардар е казнет со два меча играње без публика.

Покрај суспензија на теренот, Вардар ќе ја наполни касата на Фудбалската федерација на Македонија со 2 500 евра, поради палење на бакли и фрлање на предмети на терен. Навивачите на Пелистер, “чкембарите“ се соочија со казна од 1 500 евра.

Ждрепката во Купот на Македонија немаше милост, сакаше овие два тима да вкрстат во 1/4 финалето. Првиот меч во Битола се игра на 7 ноември.

Мх.П.