Струшките фудбалери освоија само бод на гостувањето на „Тумбе Кафе“, откако битолски Пелистер со погодок во судиското продолжение извлече реми 1-1. Но, „црвено белите“ се жалат на судењето, кое ако било регуларно и според правилата ќе ги освоеле трите бодови.

Екипата на Струга Трим Лум издвои три спорни ситуации. Првата е прекршокот на Лена над Илиевски во 70-та минута од натпреварот, при резултат 0-0. Втората е прекршок во казнетиот простор, а третата е погодокот кој го постигнаа стружани при резултат 1-1 во 4-та минута од судиското продолжение.

Дел од спорните ситуации и головите на Пелистер – Струга Трим Лум.

Делењето на правдата во Првата лига е далеку од идеално, и затоа час поскоро треба да се размислува во правец на воведување на ВАР систем кој ќе биде од голема помош за судиите. Чести грешки се повторуваат и во Втората лига.

OhridNews

 

Прва МФЛ: Струга Трим Лум испушти победа во Битола (видео)