Фудбалерите на Струга Трим Лум го скршија мразот во пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига, победувајќи ја Беласица со 2-1 (1-0), на Градскиот стадион „Благој Истатов“ во Струмица.

„Црвено белите“ до трите бодови стигнаа со по еден погодок во двете полувремиња. Домаќините намалија на 1-2, но не успеаја да изедначат и да избегнат пораз. Резултатот го отвори Марјан Алтипармаковски во првиот дел, а Нијаз Лена го дуплираше водството. Во финишот од натпреварот Каланоски од пенал ги постави конечните 1-2.

Прв триумф во втората полусезона обезбеди Пелистер, кој на домашен терен, со 3-1 ја совлада Ренова. Третиот погодок кој запечати победата на „зелено белите“ го постигна охриѓанецот Дарко Размоски.

Следната, трета рунда од пролетниот дел во Првата лига ќе се одигра в среда, на 3 март.

  • Резултати:

Беласица – Струга ТЛ 1-2

Македонија ЃП – Борец 0-0

Пелистер – Ренова 3-1

Шкендија – Вардар 2-1

Шкупи – Академија Пандев 0-0

Работнички – Силекс 1-1

Табела: Шкендија 45, Шкупи 37, Македонија ЃП 35, Струга ТЛ 32, Работнички 28, Вардар 26, Борец 26, Силекс 23, Пелистер 22, Ренова 19, Академија Пандев 18, Беласица 12

OhridNews