Фудбалерите на Струга Трим Лум освоија бод на гостување во Битола, ремизирајќи 1-1 (0-0) со Пелистер во 10-та рунда од Првата македонска фудбалска лига.
Стружани треба и мора да жалат за преостанатите два бодови бидејќи домашните фудбалери со голот на Хот во судиското продолжение се спасија од пораз и осиуграа бод. Избраниците на Срѓан Захариевски поведоа во 77-та минута со голот на Лена.
Струга Трим Лум со 15-от бод се зацврстија на средината од табелата и на најдобар можен начин ги најави следните три мечеви, кои ги игра на домашен терен. Стружани силите ќе ги одмерат со Вардар, Шкендија и Ренова.
- Резултати:
Шкупи – Силекс 1-0
Беласица – Борец 2-2
Македонија ЃП – А. Пандев 3-1
Пелистер – Струга Трим Лум 1-1
Шкендија – Работнички 1-1
Вардар – Ренова 3-3
Табела: Шкендија 22, Шкупи 22, Македонија ЃП 19, Борец 16, Струга Трим Лум 15, Силекс 14, Работнички 12, Пелистер 12, Вардар 12, Ренова 8, А. Пандев 7, Беласица 2.
OhridNews