Без голови и без победник заврши пресметката помеѓу Силекс и Струга Трим Лум во Кратово, во рамките од 16-та рунда во Првата македонска фудбалска лига.
Во дерби средбата од средината од табелата немаше ништо фудбалско, бидејќи тревникот во Кратово повеќе наликуваше на базен, отколку на терен на кој треба да играат најдобрите екипи од Македонија. Најблиску до погодок во оскудната фудбалска претстава беше Силекс во првото полувреме. Кратовчани не реализираа удар од белата точка. Не прецизен беше Денис Ростов кој се лизна и топката ја упати високо над голот.
Во градската пресметка помеѓу Шкупи и Вардар ги поделија бодовите. „Црвено црните“ поведоа со голот на Дарко Мицевски, а Шкупи од пораз се спаси со голот на Дамбо Дербое во 89-та минута.
Голот на Мицевски за 0-1
Дембо изедначува на 1-1
- Резултати:
А. Пандев – Борец 2-1
Македонија ЃП – Пелистер 2-1
Работнички – Ренова 4-1
Шкендија – Беласица 2-0
Шкупи – Вардар 1-1
Силекс – Струга ТЛ 0-0
Табела: Шкендија 36, Шкупи 32, Македонија ЃП 32, Силекс 22, Струга ТЛ 22, Борец 22, Работнички 21, Вардар 21, Ренова 15, А. Пандев 14, Пелистер 12, Беласица 9
OhridNews