Без голови и без победник заврши пресметката помеѓу екипите на Струга Трим Лум – Силекс во рамките од 21-та рунда во Првата македонска фудбалска лига.
Избраниците на Јетон Беќири со ремито на домашен терен ставија точка на мини серијата од два порази на стартот од втората полусезона додека кратовчани втор натпревар ремизираат со 0-0.
Играта во првиот дел во главно се одвиваше на средината од теренот. Блага иницијатива имаше домашниот состав, кој преку неколку акции се закани кон голот Даниел Божиноски.Гостинските фудбалери ги искористуваа прекините да се префрлат во казнетиот простор од Струга Трим Лум.
Стружани најблиску до погодок беа во 30-та минута. Акцијата по левата страна имаше шанса да ја заврши левиот бек Блертон Шеји, но гостинскиот голман правовремено реагираше и стигна пред противничкиот фудбалер.
Во второто полувреме, Струга Трим Лум продолжи со офанзивната игра. Првата и најдобрата прилика за погодок ја имаше Арбен Тафе. Дефанзивецот беше на вистинското место и биеше прецизно, но Божиновски со маестрална парада спречи домашна радост.
Стружани не застанаа со нападите. Но до крајот не успеаја да го совладаат расположениот гостински голман кој ја зачува мрежата празна.
В среда, Струга Трим Лум во Тетово ќе игра против Ренова во 1/4 финалето во Купот на Македонија а следниот викенд на домашен терен го пречекува Шкупи.
OhridNews