Фудбалерите на Струга Трим Лум се вратија во игра за третата позиција на табелата која води во европските натпреварувања, победувајќи ја Шкендија со 2-0 (2-0), во 31-та рунда од Првата македонска фудбалска лига.

Во прилог на стружани, кои победата ја обезбедија со два брзи погодоци на почетокот натпреварот, отиде ремито без голови на Шкупи и Македонија ЃП, на теренит од ФФМ. Стрелци за трумф на Струга ТЛ во дуелот со Шкендија кој се одигра во Гостивар беа Марјан Алтипармаковски и Немања Босанчиќ.

Само теорија и резултатско чудо во последните две рунди ќе го остави Вардар во Првата македонска фудбалска лига. Скопските „црвено црни“ можеби последната сламка за спас ја испуштија денеска, после поразот од Работнички (3-1), во градското дерби.

  • Резултати:

Пелистер – Академија Пандев 3-1

Ренова – Беласица 3-1

Шкендија – Струга Трим Лум 0-2

Шкупи – Македонија ЃП 0-0

Силекс – Борец 1-1

Вардар – Работнички 1-3

Табела: Шкендија 71, Шкупи 57, Македонија ЃП 52, Струга ТЛ 51, Работнички 44, Пелистер 41, Борец 37, Силекс 36, Ренова 35, Академија Пандев 35, Вардар 31, Беласица 17.

OhridNews