Фудбалерите на Струга Трим Лум, го срушија лидерот на табелата во Првата македонска фудбалска лига, Вардар, откако на домашен терен славеа со 2-1 (2-0) во 14-та рунда од шампионатот.
„Црвено белите“, победата ја осигураа во првиот дел во кој успеаја два пати да погодат мрежата на „вардарци“. За почетно водство погоди Христијан Кировски, а предноста ја дуплираше дефанзивецот Арбен Тафе, кој погоди маестрален погодок со глава.
Во второто полувреме, скопските „црвено црни“ нападнаа и го притиснаа домашниот состав. Вардар искористи само една од неколкуте прилики и постигна погодок преку Дарко Мицевски, кој биеше прецизно од белата точка. До крајот резултатот не се промени и Струга забележа голема победа.
Со трите бодови од средбата со Вардар, Струга ТЛ се искачи на седмата позиција на табелата и се одлепи три бодови од Ренова која се наоѓа во опасната зона.
11-та рунда во Првата лига ќе се комплетира утре (недела) со дуелот помеѓу Работнички – Шкендија.
Резултати:
Борец – Македонија ЃП 1-1
Ренова – Академија Пандев 1-1
Силекс – Шкупи 1-0
Струга ТЛ – Вардар 2-1
Работнички – Шкендија
Табела: Вардар 30, Академија Пандев 26, Силекс 21, Шкендија 18, Шкупи 18, Македонија ЃП 18, Струга ТЛ 18, Ренова 15, Борец 15, Работнички 11
OhridNews