Фудбалерите на Струга Трим Лум се вратија на победничките патеки, совладувајќи го Пелистер со 3-0 (0-0), на домашен терен, во 28-та рунда од Првата македонска фудбалска лига.
Избраниците на Срѓан Захариевски отпорот на битолчани го скршија во вториот дел, откако првите 45 минути завршија без голови. Прв мрежата на гостите ја погоди Скендери, кој во игра влезе на паузата помеѓу двете полувремиња. На втор погодок се чекаше до 82-та минута. Во меѓувреме Пелистер нападна, но не успеа да постигне погодок. Марјан Алтипармаковски реализираше за 2-0. Конечните 3-0 ги постави Фљамур Таири со погодок од белата точка.
Тетовска Шкендија следниот викенд може и официјално да биде прогласена за нов првак во македонскиот фудбалски шампионат. „Црвено црните“ во Струмица со 3-0 ја совладаа Беласица и дојдоа на чекор од освојување на титулата.
- Резултати:
Академија Пандев – Вардар 3-0
Беласица – Шкендија 0-3
Борец – Шкупи 0-1
Работнички – Македонија ЃП 2-2
Струга ТЛ – Пелистер 3-0
Ренова – Силекс 2-1
Табела: Шкендија 65, Шкупи 52, Македонија ЃП 48, Струга ТЛ 44, Работнички 41, Пелистер 35, Академија Пандев 34, Борец 33, Ренова 31, Силекс 29, Вардар 28, Беласица 17
OhridNews