Екипите на Струга Трим Лум и Македонија Ѓорче Петров ги поделија бодовите ремизирајќи 1-1 (0-0), во воведната рунда од пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига.

Струшките „црвено бели“ бод и реми обезбедија со погодокот на Марјан Алтипармаковски во завршницата од натпреварот. Претходно, на стартот од второто полувреме „лавовите“ преку Есмин Личина го отворија резултатот.

Првата рунда во македонската клупска елита ја одбележа охриѓанецот Антонио Каланоски. Тој на дуелот помеѓу Ренова – Беласица кој заврши во корист на гостите (2-4) постигна три погодоци. Каланоски два пати беше прецизен од белата точка, а еднаш од игра. Со трите бодови во Тетово, Беласица најави дека нема без борба да се предаде, туку до крај ќе се бори за прволигашки статус.

  • Резултати:

Вардар – Пелистер 2-2

Струга ТЛ – Македонија ЃП 1-1

Борец – Шкупи 0-1

Силекс – Шкендија 1-2

Ренова – Беласица 2-4

А. Пандев – Работнички 0-1

Табела: Шкендија 42, Шкупи 36, Македонија ЃП 34, Струга ТЛ 29, Работнички 27, Вардар 26, Борец 25, Силекс 22, Пелистер 19, Ренова 19, А. Пандев 17, Беласица 12

OhridNews