Екипата на Струга Трим Лум извлече позитивен резултат во Струмица ремизирајќи со Академија Пандев 1-1 (0-0) во 15-та рунда од Првата македонска фудбалска лига.

„Црвено белите“ до бод во пресметката со „пандевци“ стигнаа со погодокот на Дејан Цветаноски во третата минута од судиското продолжение. Водство за домашните фудбалери донесе Марко Рајковиќ на средината од второто полувреме.

Во преостанатите мечеви Вардар на домашен терен ремизираше со Шкупи, Борец и Силекс ги поделија бодовите ремизирајќи 0-0 а Шкендија со убедливи 6-1 ја совлада Ренова. Вчера, Македонија Ѓорче Петров со 2-0 славеше во средбата со Работнички.

Табела: Вардар 31, Академија Пандев 27, Шкендија 24, Силекс 22, Македонија ЃП 21, Шкупи 19, Струга Трим Лум 19, Борец 16, Ренова 15, Работнички 11

OhridNews