Чекањето за елитен клупски фудбал во нашата земја заврши. Викендов, на терените ширум Македонија ќе се одигра првата рунда од пролетната полусезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Струшкиот прволигаш Трим Лум на стартот од втората етапа ќе ги одмери силите со тимот на Работнички на домашен терен. Мечот се игра в недела во 14 часот.

Составот на Струга имаше повеќе од добра полусезона во Првата МФЛ, а за уште подобра втора полусезона потребна е победа над фенерџијата на табелата, Работнички.

Работнички сегде ќе атакува на бодови исто како и ние. Не можам да ги поделам натпреварите на тешки и лесни. Без разлика на пласманот на табелата треба да се одигра добро 90 минути. Ние покажавме дека можеме да се носиме со екипите од горниот дел од табелата, а истото може да се случи со Работнички. – изјави тренерот на стружани, Јетон Бекири.

Правдата во Струга ќе ја дели Крумислав Ѓорѓиев од Штип.

Двојки:

Вардар – Македонија ЃП (сабота 14ч)

Академија Пандев – Шкендија (недела 14ч)

Шкупи – Борец

Ренова – Силекс

Струга ТЛ – Работнички

Табела: Вардар 36, Шкендија 28, Академија Пандев 27, Силекс 27, Македонија ЃП 26, Струга ТЛ 24, Шкупи 22, Борец 20, Ренова 19, Работнички 15.

OhridNews