Фудбалерите на Струга Трим Лум, со празни раце се враќаат од гостувањето во Кратово откако претрпеа минимален пораз 1-0 од Силекс во 11-та рунда од Првата македонска фудбалска лига.

Кратовчани погодокот вреден три бодови го постигнаа во 64-та минута. Иван Ивановски ја погоди мрежата на стружани за значајни три бодови. Силекс, претходно, не искористи неколку колосални прилики и удар од белата точка.

Нов и осамен лидер во фудбалската елита е Вардар. Скопските „црвено црни“ вчера во градското дерби со 2-0 го совладаа Работнички а конкурентот Академија Пандев изгуби 1-0 против Борец во средбата која се одигра во Велес.

Резултати:

Работнички – Вардар 0-2

Силекс – Струга ТЛ 1-0

Борец – Академија Пандев 1-0

Ренова – Шкупи 2-2

Македонија ЃП – Шкендија 0-0

Табела: Вардар 27, Академија Пандев 24, Шкупи 17, Македонија ЃП 17, Шкендија 15, Силекс 15, Струга ТЛ 14, Ренова 14, Борец 14, Работнички 10.

OhridNews