Судиската организација во македонскиот фудбал ги одреди арбитрите за шесте натпревари од третата рунда во Првата македонска фудбалска лига.
Еден од најискусните судии во Првата лига Марјан Ецкоски ќе го суди натпреварот помеѓу Македонија Ѓорче Петров – Шкендија. Стружанецот Јован Качевски ќе го суди дуелот Беласица – Шкупи, кој ќе се одигра во Струмица.
За првиот меч на Струга Трим Лум на домашен терен во новата сезона делегиран е Марјан Гоцевски. Стружани играат против Борец од Велес.
Двојки и судии:
Беласица – Шкупи (Јован Качевски)
Македонија ЃП – Шкендија (Марјан Ецкоски)
Ренова – А. Пандев (Александар Ставрев)
Пелистер – Работнички (Димитар Мечкаровски)
Вардар – Силекс (Јосип Бартон)
Струга ТЛ – Борец (Марјан Гоцевски)
OhridNews