Напаѓачите немаа свој ден во седмата рунда од Првата македонска фудбалска постигнувајќи шест голови на пет мечеви.

Ако се исклучи мечот меѓу Работнички и Шкендија кој се одигра во саботата и заврши во корист на гостите (3-1), четирите неделни мечеви понудија само три голови. 

Без победни 1-1 заврши натпреварот меѓу Македонија Ѓорче Петров и Победа, а нерешени средби без голови одиграа Пелистер – Силекс и Ренова – Вардар.

Еден погодок го одлучи дуелот во Штип, Брегалница и Шкупи кој го постигнаа домаќините.

Резултати: Брегалница – Шкупи 1-0, Македонија ЃП – Победа 1-1, Пелистер – Силекс 0-0, Ренова – Вардар 0-0, Работнички – Шкедија 1-3.

Табела: Вардар 17, Шкендија 13, Работнички 12, Пелистер 11, Ренова 10, Силекс 9, Брегалница 6, Шкупи 5, Победа 5, Македонија ЃП 3.

OhridNews