Серијата победи на Шкендија во македонската фудбалска елита заврши, откако „црвено црните“ на Градскиот стадион во Тетово претрпеа минимален пораз (1-0) од Академија Пандев во рамките од 17-та рунда во Првата лига.

Шкендија која е лидер на табелата имаше низа од седум победи со импозатна гол разлика (21-2), но струмичани најдоа начин и успеаја да го запрат нападот и да забележат голема победа во Тетово. Стрелец на победничкиот погодок беше Марио Крстовски во 26-та минута од првото полувреме.

Поразот на Шкенија, максимално го искористи Вардар. Скопските „црвено црните“ со рутински триумф над Победа (3-0) ја намалија разликата во однос на Шкендија, која сега изнесува само три бодови.

Викендов кој доаѓа во Првата МФЛ ќе се одигра последното коло и ќе заврши првата полусезона. Втората етапа продолжува на 17 февруари следната година.

Резултати: Беласица – Работнички 1-2, Македонија ЃП – Силекс 1-1, Шкендија – Академија Пандев 0-1, Шкупи – Ренова 1-1, Вардар – Победа 3-0

Табела: Шкендија 37, Вардар 34, Академија Пандев 29, Работнички 26, Ренова 21, Шкупи 20, Македонија ЃП 18, Победа 17, Беласица 17, Силекс 15.

OhridNews
Фото: Гол.мк