Екипата на Шкупи го стопираше победничкиот налет на Младост победувајќи го со 2-0 на „Атина Бојаџи“ во осмата рунда од Првата македонска фудбалска лига.


Гостите од Чаир од почетокот на мечот знаеаја што сакаат против Младост кој три натпревари по ред победуваше, а коцките им се поклопија во 10-та минута кога со „евроголот“ на Адем Ермедин поведоа со 1-0.

Избраниците на Здравко Цветаноски констано напаѓаа кон голот на Суат Зендели, но немаа начин да го пробијат „синиот“ бедем пред голот.

Шкупи големи дилеми околу победникот реши на стартот од вториот дел со погодокот на Хусеин Демири кога го дуплираше водството (2-0).


Со сите сили домаќините притиснаа, но гостите од Чаир организирано се бранеаја и сосема заслужено ја забележаа втората победа сезонава во елитата.

Шкупи со трите освоени бодови му се доближи на еден од Младост кој до сега ја „чуваше“ четвртата позиција.

Мх.П.