Екипата на Пелистер која од клупата ја предводи охридскиот стратег Драган Бочески во четвртата рунда од шампионатот го претрпе првиот пораз од штипска Брегалница со 3-0.
Штипјани голем дел од мечот го одиграа со десет фудбалери откако Ступиќ заработи црвен картон во десеттата минута. И со фудбалер помалку „сините“ дури три пати го пронајдоа патот до мрежата на голманот Пашоски и им го нанесоа првиот пораз на битолчани сезонава.
Најпријатното изненадување минатата сезона Хоризонт Турново во дерби пресметката го совлада актуелниот првак Вардар со 2-0 и наговести атак на шампионската титула.
Резултати : Брегалница – Пелистер 3-0, Турново – Вардар 2-0, Работнички – Еуромилк 2-2, Металург – Напредок 0-0, Гостивар – Шкендија 0-0, Ренова – Македонија ЃП 2-1.
Табела : Турново 10 бодови, Брегалница 10, Пелистер 7, Металург 6, Вардар 5, Еуромилк 5, Работнички 5, Ренова 5, Гостивар 4, Шкендија 3, Напредок 2, Македонија ЃП 0.
Мх.П.