Со натпреварите од 20.коло, по тримесечна пауза, во сабота, продолжува фудбалското првенство на Македонија. Стартот на пролетниот дел од шампионатот нуди две дерби средби во Скопје (Работнички-Пелистер) и во Штип (Брегалница-Хоризонт Турново).
Актуелниот шампион Вардар, со новиот тренер Сергеј Андреев, пролетниот дел од сезоната ќе го стартува од Кичево, каде ќе му гостува на Напредок.
Сите натпревари од ова коло ќе се одиграат во сабота со почеток во 14 часот.
ПМФЛ, 20.коло : Напредок-Вардар, Работнички-Пелистер, Брегалница-Хоризонт Турново, Металург-Ренова, Шкендија-Македонија ЃП, Гостивар-Еуромилк.
Табела: 1. Хоризонт Турново 34, 2. Вардар 34, 3. Пелистер 34, 4. Работнички 31, 5. Металург 30, 6. Ренова 27, 7. Еуромилк 23, 8. Шкендија 23, 9. Брегалница 22, 10. Македонија ЃП 19, 11. Напредок 13, 12. Гостивар 11.
„Макфакс“