Косовскиот стратег Билбил Соколи ја напушти екипата на Ренова. На неколку дена пред стартот на новата првенствена сезона поранешниот шампион остана без шефот на стручниот штаб.


Соколи и Ренова соработката ја прекинаа спогодбено и се одлучија да тргнат по различни патишта. 


Ренова во првата рунда од шампионатот в сабота на домашен терен игра против повратникот во елитата Охрид 2004.

М.П.