Екипата на Борец со победа ја стартуваше новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Велешани во првата рунда славеа со минимални 1-0 на гостување во Скопје кај актуелниот шампиони, Вардар.

Фудбалерите на Борец погодок за победа го постигнаа во првата минута со првиот удар кон голот на противникот. Прецизен беше Никола Радовиќ после одлично додавање од бразилскиот интернационалец Фернандо.

Вардар го очекува тешка сезона во македонската фудбалска елита со оглед дека подготовките ги започнаа пред неполни две недели и со уште голема неизвесност околу судбината, додека Борец ги зграпчи бодовите и стартуваше со победа.

Првата рунда од новата сезона ќе се комплетира со мечевите Ренова – Струга ТЛ, Пелистер – А. Пандев, Шкупи – Шкендија, Беласица – Силекс.

OhridNews