Дербито за Металург започна во непосакуван правец откако голманот Павловиќ заработи црвен картон во втората минута од мечот. Бројчаната предност на теренот “романтичарите“ ја искористија во 14-та минута кога Плазибат погоди за водсвто. Фудбалерот од средниот ред на Работнички во 66-та минута ја запечати победа.
Шестата рунда од првата македонска фудбалска лига ќе се комплетира со натпреварите Х. Турново – Брегалница, Напредок – Шкендија, Тетекс – Пелистер, Вардар – Дрита.