Охриѓанецот Марјан Ецкоски ќе биде главен арбитар на скопското дерби Металург – Вардар во 28-та рунда од Првата македонска фудбалска лига.

Иако се најавуваше дека градската пресметка ќе се игра на „Филип Втори“ сепак на „Железара“ скопските ривали ќе ги кршат копјата за титулата.

Покрај Ецкоски и Марјан Маркоски има ангажман во Првата лига и ќе го води мечот Ренова – Работнички. Асистенти на Маркоски се Жарко Тодоровски и Ацо Мацески.

Сите натпревари од Првата лига се играат в сабота поради големиот христијански празник „Велигден“.

Фото : Спортмедиа
Мх.П.