Екипата на Силекс опстана во Првата македонска фудбалска лига и ја продолжи традиција да биде дел од секоја сезона после осамостојувањето. Кратовчани во финалето од баражот го совладаа Тиквеш со 3-2.

Силекс го отвори резултатот во 12-та минута преку Ѓоргиев кој стрелаше прецизно во мрежата на кавадарчани. За кратко време Ѓоргиев погоди за 2-0 и големо водство на Силекс. На средината од првото полувреме Тиквеш намали на 2-1 со погодокот на Илиевски. Четири минути подоцна Рајковиќ ја врати предноста од два погодоци стрелајќи прецизно со глава. Во второто полувреме играта се стабилизираше. Тиквеш ја имаше иницијативата, но успеа да постигне само еден погодок и да ја врати неизвесноста. Силекс до крајот оддолеа и обезбеди нова сезона во елитата.

Силекс ги заокружи екипите учесници во Првата лига. Пласман преку Втората лига обезбедија Струга Трим Лум и Борец, а испаднаа Победа и Беласица.

OhridNews