Екипата на Силекс комплетно ја врати неизвесноста во Првата лига откако во 26-та рунда пред своите гледачи со 3-2 го совлада актуелниот шампион Вардар.
„Подарокот“ од кратовчани со две раце го прифатија фудбалерите на Шкендија кои со 3-1 ја победија Ренова во тетовската пресметка и ја намалија разликата на два поени од лидерот на табелата.
Резултати: Металург – Младост Ц.Д. 2-0, Работнички – Х. Турново 2-0, Шкендија – Ренова 3-1, Шкупи – Брегалница 2-2, Силекс – Вардар 3-2.
Табела: Вардар 64, Шкендија 62, Силекс 40, Работнички 36, Шкупи 35, Брегалница 30, Турново 30, Ренова 28, Металург 16, Младост Ц.Д. 16.
OhridNews