Три натпревари од 21.коло, во Првата македонска фудбалска лига, се одиграа во неделата. Силекс успеа да победи против Металург, додека без победник завршија дуелите Работнички-Шкупи и Ренова-Турново.  

Скопската пресметка помеѓу Работнички и Шкупи заврши 1:1. Гостите стигнаа до водство преку Нухиу во 62.минута, а израмни Трајчевски на 15 минути до крајот на мечот.

Резултатот 1:1 беше конечен и на пресметката помеѓу Ренова и Турново. Гостите водеа со голот на Пандев во 52.минута, а Мишковски спаси еден бод за домаќинот.

Силекс без проблеми го совлада Металург со 3:0, а стрелци на головите беа Пановски, Глигоров и Мицков. 

Резултати: Силекс-Металург 3:1, Работнички-Шкупи 1:1, Ренова-Турново 1:1, Шкендија-Младост ЦД (одложено)

Табела: 1. Вардар 49 (-1), 2. Шкендија 44 (-1), 3. Силекс 33, 4. Работнички 31, 5. Шкупи 31,  6. Ренова 21, 7. Турново 21, 8. Брегалница 20 (-1), 9. Младост 16 (-1), Металург 13.  

OhridNews