Водечките екипи во Првата лига, Вардар и Шкендија со нови победи над Металург (1-0) односно Брегалница (2-0) ја продолжија трката за врвот во елитата.


Работнички ја продолжи црната серија на Младост во Првата лига откако со два погодоци во судиското продолжение му го нанесе петтиот пораз во шестиот натпревар.

Резултати : Работнички – Младост 2-0, Брегалница – Шкендија 0-2, Металург – Вардар 0-1, Ренова – Силекс 2-1, Турново – Шкупи 0-0.

Табела : Вардар 33, Шкендија 32, Силекс 18, Работнички 16 (-1), Ренова 16, Шкупи 16, Брегалница 13, Младост 13 (-1), Турново 11, Металург 5.

Мх.П.