Охридскиот арбитар Стефче Шулески имаше полни раце работа на дуелот во Битола меѓу домаќинот Пелистер и Работнички во Првата лига.
Иако гостите ги однесоа бодовите навидум со лесна победа 3-1, сепак натпреварот изобилуваше со остри стартови и борбена игра.
Работнички постигна три погодоци во првиот, а на стартот од вториот остана без голманот Андреја Ефремов, кој заработи црвен картон.
„Зелено белите“ го намалија водството на гостите, по што нападнаа со сите расположливи средства на теренот.
Мечот се разгоре, а тоа резултираше со провокации од двете страни. По еден вербален дуел Шулески му покажа жолти картони на Петровиќ и Биљаљи, а за првиот ова беше втор жолт автоматски црвен.
Работнички мечот го заврши со девет фудбалери додека Пелистер со десет, а бодовите на крајот сосема заслужено ги освои гостинскиот состав.
Мх.П.