Дебитанската сезона во Првата македонска лига екипа на Дрита нема да ја запамети по добро. Од стартот на шампионатот во екипата се променаа вкупно четири тренери од кои последните двајца за само два дена.

Како “гром од ведро“ небо беше најавуван менаџерот од Германија, кој откако пристигна во Македонија се предомисли и замина во неповрат. Бродот на Дрита ќе го спасуваше Ѓорги Тодоровски – Џони, но и тој за само еден си замина од клубот.

Претходно на клупата беше долгогодишниот стратег на Силекс, Ане Андоновски. Тој по серијата слаби резултати поднесе оставка.

Првата македонска фудбалска лига треба да биде стабилна и да произведува фудбалери и тренери, а не да биде злоупотребана за “иди ми дојди ми“.

Мх.П.