Битолски Пелистер го направи најголемото изненадување во 25 рунда од македонското фудбалско првенство, откако со пресврт со 2-1 го совлада аспирантот за висок пласман Работнички на “Филип II“ арената.
Најдобриот стрелец во лигата Маневски го отвори резултатот, додека Бујчевски и Симоновски погодија за пресврт и прва победа надвор од Битола.
Соседското дерби на “Автокоманда“ го доби Металург кој со 2-1 го победи Скопје. Крстев го отвори резултатот, на 1-1 изедначи Кировски од пенал, додека творец на големата победа беше Ејупи.
Тетекс беше непријатно изненаден на домашен терен од Брегалница која со оваа победа ги избегна местата кои водат во баражот. За големата победа на “фалангата“ стрелаа Илиев и Мандак.
Единствениот натпревар кој се заврши без голови го одиграа Х.Турново и Напредок.
Резултати: Металург – Скопје 2-1, Работнички – Пелистер 1-2, Тетекс – Брегалница 0-2, Турново – Напредок 0-0.
Натпреварот на лидерот на табелата Шкендија со Силекс е закажан за в недела, додека колото ќе се комплетира во понеделник по средбата Ренова – Вардар.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com