Шок терапијата за која се одлучија во ФК Металург, даде резултат откако “зелените“ на домашен терен со 3-2 го совладаа Напредок.

Капитенот Крстев го отвори резултатот, на 2-0 зголеми Чурлинов. Стрелците се “распукаа“ во финишот, резултатската неизвесност во мечот ја врати Симјановски ,повторно комотна предност за домаќините осигура Стеванович, а во последните моменти од мечот Балажи од пенал го постави конечниот резултат.

На останатиот меч, одигран попладнево Дрита и Турново ремизираа без голови 0-0.

Ова првенствена рунда го носи градското дерби помеѓу Шкендија и Тетекс, актуелниот првак Вардар ќе патува во Кратово, кај Силекс, екипа која по првите шест кола има освоено само три бода.

Двојки: Силекс-Вардар, Пелистер-Ренова, Шкендија-Тетекс, Брегалница-Работнички

Табела: 1. Вардар 15, 2. Хоризонт Турново 14, 3. Металург 12, 4. Ренова 11, 5. Работнички 10, 6. Напредок 10, 7. Шкендија 8, 8. Дрита 8, 9. Брегалница 7,10. Пелистер 7, 11. Силекс  3, 12. Тетекс 3.