Екипата на Шкендија со 5-0 го совлада Тетекс во тетовска пресметка во рамките од деветтата рунда во Првата македонска фудбалска лига.

Повремениот репрезентативец Кировски и Вручина постигнаа по два погодоци, а Бериша реализираше еден во убедливата победа на „црвено црните“.

Резултати : Вардар – Силекс 5-0, Шкендија – Тетекс 5-0, Х. Турново – Работнички 0-1, Металург – Ренова 3-0, Брегалница – Пелистер 0-0.

Табела : Вардар 21, Металург 17, Шкендија 15, Пелистер 15, Силекс 13, Турново 13, Работнички 13, Ренова 9, Брегалница 5, Тетекс 2.

Мх.П.