Екипата на Шкендија го продолжи походот кон лидерот на табелата Вардар победувајќи го Младост (2-0) во последниот меч од 21-та рунда во Првата македонска фудбалска лига.
„Црвено црните“ мечот кој еднаш беше прекинат поради немање услови за игра го добија со по еден гол во двете полувремиња.
Во првиот прецизен од слободен удар беше Бесарт Ибраими додека во второто полувреме мрежата на Младост ја погоди Бразилецот, Жуниор.
Со овој триумф Шкендија одново ја врати разликата со Вардар на пет бодови која достигна осум после победата на ривалот над Брегалница.
OhridNews