Водечката Шкендија со голот на капитенот Мустафи во судиското надополнување стигна до огромни три бода во трката за шампионската титула. Кратовци оддолеваа на нападите се до самиот финиш кога капитенот со третиот гол во последните три меча предизвика “експлозија на “Градски“ во Тетево.

На осум кола пред крајот Шкендија има седум бода предност пред второпласиораниот Металруг. 25 коло ќе биде заокружено утре со мечот меѓу Ренова и Вардар.

Ohridnews