Лидерот во првата македонска фудбалска лига, Шкендија на градскиот стадион во Тетово прокнижи нови три бода откако со 3-0 триумфираа над Напредок.


Со мајсторски изведен слободен удар во првиот дел Хасани донесе водство за домашните. Вториот погодок беше дело на Емини кој со шут од далечина го совлада  несигурниот Пашоски. Конечниот резултат го постави Алии на додавање на најдобриот поединец на теренот Хасани.


Заслужена радост фудбалерите на Шкендија.

Фото: Михаил Постолoвски