Екипата на Младост од Царев Двор на теренот во Охрид во 10-та рунда од Првата македонска фудбалска лига ќе го пречека лидерот Шкендија.


„Црвено црните“ кои се во победнички налет на „зелено белите“ ќе им се спротистават без најдобариот играч Ферхан Хасани.

Капитенот на Шкендија се повреди во квалификацискиот натпревар на Македонија против Украина кој репрезентативците го загубија на „Филип Втори“ со 2-0.

На Хасани му се предвидуваше пауза од десет дена по првите лекарски прегледи, но по вторите го очекува подолго отсуствување од терените.

Младост со 12 бодови се наоѓа на четвртата позиција додека Шкендија има бод предност пред Вардар на врвот од табелата.

Мх.П.