Екипата на Шкендија е старо-нов првак во Првата македонска фудбалска лига. Тетовските „црвено црни“ третата титула во клупската историја ја обезбедија со победата (1-0) над Работнички во Скопје.
Стрелец на погодокот вреден победа и математичко обезбедување на титулата беше Енур Тотре во 90-та минута од натпреварот. Во прилог на тетовчани отиде и ремито на Вардар кој ги подели бодовите со Шкупи играјќи 2-2.
Победа ги загуби и теоретските шанси за опстанок претрпувајќи срамен пораз во Тетово од Ренова 9-1. Влатко Стојановски постигна четири голови, Емран Рамадани реализираше два, а по еднаш мрежата ја затресија Бојан Миовски, Бурхан Мустафов и Мухамед Усеини.
Резултати: Ренова – Победа 9-1, Силекс – Академија Пандев 3-1, Работнички – Шкендија 0-1, Шкупи – Вардар 2-2, Беласица – Македонија ЃП 3-1
Табела: Шкендија 69, Вардар 59, Академија Пандев 53, Шкупи 43, Ренова 39, Работнички 39, Македонија ЃП 38, Силекс 34, Беласица 31, Победа 23
OhridNews