Актуелниот шампион Работнички стигна до првата победа во новиот шампионат. На Градски во Скопје, “романтичарите“ минимално 1-0 со голот на Илијоски го совладаа Металург.
Останатите натпревари од петтото коло се играат утре, со почеток во 15.30 минути.
Дербито на колото се игра во Куманово каде Милано го пречекува Вардар. Со еден куп проблеми Пелистерци патуваат во Тетово кај Ренова, додека охридскиот стратег Драган Бочески со својот Хоризонт Турново првата победа ќе ја брка против Силекс. Во Ѓорче , Македонија игра против Победа. Мечот ќе го води Стевчо Шулески а ќе му помагаат Кире Негриески и Симон Грданоски.
М.П.