Актуелниот шампион Работнички ја извојува највисоката победа во првенството откако на “Градски“ со 4-0 го декласираше Милано.

На два пати Кировски, еднаш Савиќ и Илијоски беа стрелци на головите за романтичарите.

Останатите натпревари од 11- то коло во најсилното домашно првенство се играат утре со почеток во 13 часот:

Македонија ЃП – Пелистер, Хоризонт Турново – Напредок, Металург – Ренова и Силекс – Вардар.

Во ова коло слободна е екипата на Победа.

ohridnews