Актуелниот шампион Работнички го победи лидерот Вардар со 2-0 во дербито на колото во Првата Македонска фудбалска лига.

Романтичарите им го нанесоа вториот пораз на црвено – црните, и со оваа победа фатија приклучок кон горниот дел на табелата.

Стрелци за Работнички беа Савиќ и Кировски.

Лошиот ден за црвено- црните го надоплни Јанчески кој заработи црвен картон.

Во останатиот натпревар, Андовски со победа дебитираше на клупата на Силекс кој со 2-1 ја совлада Победа .

Недела 14 часот
Ѓорче Петров : МакедонијаЃП – Милано
Кичево : Напредок – Пелистер
Турново : Хоризонт Т – Ренова

Металург е слободен

М.П.