Трилер натпреварот на Билјанини “зачинет“ со седум погодоци и припадна на тетовска Шкендија која со ова победа ги задржа теоретските шанси за обебзбедување бараж. Благодарение на хет- трикот на беќири црвено–црните ја продолжуваат битката за прволигашки живот.

На првиот погодок се чекаше половина час игра. Во казнетиот простор соборен беше станковиќ, Ецкоски покажа на белата точка, а сигурен реализатор на најсторгата казна беше Беќири. Мрежите мируваа се до 52 минута кога Хаџиболиќ  продре по левата страна го заобиколи голманот Марковски и пласираше за 2-0 водство. Во 68 минута повторно најсторга казна за условно кажано домаќините на овај меч. По ударот на Беќири на патот на топката кон мрежата се испречи Калаба кој со рака не дозволи да се  затресе мрежата.
Пенал за шкендија, а повторно прецизен Беќири за убедливи 3-0. Две минути подоцна Стојановиќ распали од 25 метри и го совлада не сигурниот Гуџуфи. Веднаш во наредниот напад Беќири го комплетираше својот хет –трик со прекрасен лоб удар носејќи ја екипата на Шкендија повторно на пристојно растојание 4-1.

По овај погодок тетовци се опуштија, а со нова бомба од 25 метри Сали ги разбуди играчите и гледачите на стадионот. Во 79 минута нов погодок во мрежата на Гуџуфи. Одличната тројна комбинација која со гол ја круниса Трајчев, враќајќи ја резултатската неизвеснот во финишот. Последното возбудување беше во судиското надолнување кога Трајчев од  слободен удар ја затресе гредата.

Резултати 31 коло

Македонија  –  Цементарница 2-0 
Шкендија
Башкими  4-3
Силекс 
Ренова 2-0
Напредок 
Победа 4-3
Работнички
Пелистер 0-0
Милано
Вардар 9-1

 
Табела

тим игр. поб. нер. изг. + бод.
Работнички К
31 22 7 2 46 9 73
Милано 31 20 3 8 71 32 63
Пелистер 31 16 7 8 40 24 55
Вардар 31 12 11 8 40 33 47
Ренова 31 11 8 12 29 33 41
Победа 31 11 8 12 42 46 41
Македонија Ѓ.П. 31 12 5 14 31 40 41
Напредок 31 10 9 12 33 45 39
Силекс 31 9 10 12 29 34 37
Башкими 31 8 5 18 38 59 29
Шкендија 79 31 7 5 19 25 50 26
Цементарница 31 5 8 18 23 42 23

М.П