Ништо ново кај кичевскиот прволигаш. Ново коло нов пораз, овој пат од Работнички на домашен терен со 2-0. “Романтичарите“ до триумфот стигнаа во финишот на мечот со головите на Крсте и Дарко Велковски во 89 и 90 минута од мечот.

Битолски Пелистер претпре пораз на гостувањето кај Дрита со 2-0 и ја “зацементира“ позицијата во баражот за опстанок. Силекс е се подалеку од опстанок по минималниот пораз од Брегалница со 1-0.

Лидерот Турново ја зголеми бодовната предноста над Вардар по триумфот над Ренова со 2-0.

Колото ќе биде заокружено во вторник со мечевите Тетекс – Вардар, и Шкендија – Металург.

Резултати: Ренова – Турново 0-2, Дрита – Пелистер 2-0, Напредок – Работнички 0-2, Силекс – Брегалница 0-1.

Табела: Турново 56, Вардар 52, Металург 51, Работнички 43, Шкендија 42, Ренова 38, Брегалница 37, Напредок 37, Пелистер 30, Дрита 30, Тетекс 21, Силекс 19.

Ohridnews