Рускиот фудбалски стратег Сергеј Андреев е новиот шеф на стручниот штаб на актуелниот првак во Првата македонска фудбалска лига, Вардар.
57-годишниот тренер на местото тренер ќе го замени Благоја Милевски потпишувајќи три годишен договор со „црвено црните“.
Покрај тренерската смена пред вратите на Вардар се и неколку квалитетни засилувања кои деновиве треба да се официјализираат.
Назначување на Русин за тренер е прв потег на новиот сопственик на клубот, Сергеј Самсоненко, кој пред нецела недела ги откупи акциите од градот Скопје.
Извор „Македонски спорт“
Мх.П.