Избраниците на охридскиот стратег Драган Бочески во 20-та рунда од Првата македонска фудбалска лига го претрпеа првиот пораз на домашен терен сезонава. Подобар од кичевски Напредок беше составот на Работнички победувајќи 2-0.


Стрелец на двата погодоци за “романтичарите“ беше Крсте Велкоски во вториот дел од мечот.

Резултати : Напредок – Работнички 0-2, Дрита – Пелистер 1-1, Ренова – Металург 1-0, Тетекс – Брегалница 0-2, Х. Турново – Силекс 3-0.

20-та рунда од шампионатот ќе се комплетира во вторник со дербито на “Филип Втори“, Вардар – Шкендија.

Табела :

1 Вардар 19 11 6 2 36 9 39
2 Турново 20 10 8 2 26 16 38
3 Напредок 20 10 4 6 23 19 34
4 Металург 20 9 5 6 21 16 32
5 Шкендија 19 8 5 6 31 26 29
6 Брегалница 20 8 3 9 23 18 27
7 Работнички 20 8 3 9 28 29 27
8 Ренова 20 8 3 9 19 27 27
9 Дрита 20 6 6 8 20 30 24
10 Пелистер 20 5 6 9 16 22 21
11 Силекс 20 5 3 12 19 32 18
12 Тетекс 20 3 4 13 12 30 13

 

Мх.П.