Фудбалерите на Работнички со минимален триумф 1-0 (0-0) над Ренова на Националната арена „Тодор Проевски“ ја зачинија роденденска прослава на клубот од Дебар мааоло.

„Романтичарите“, на навивачите и на сите чинители во клубот им дадоа двојна причина за радост после победата над Ренова. До триумфот и трите бодови домашните фудбалери стигнаа после авто голот на Ненад Мишкоски во 58-та минута од мечот. Во финишот, Работнички имаше панса да ја завери победата но Иван Марковиќ не успеа во обидот да реализира од белата точка.

Во 82-годишната историја Работнички има 14 титули во националниот шампионат и 9 во Купот на Македонија. Херојот од Дебар маало со успех години наназад го презентира македонскиот клупски фудбал во Европа и е еден од најуспешните во нашата земја.

Во преостанатите натпревари од деветтата рунда ќе се сретнат Шкендија – Вардар, Борец – Струга Трим Лум, Академија Пандев – Силекс и Македонија Ѓорче Петров – Шкупи.

OhridNews
Фото: Гол.мк